И денеска затворени булевари и улици во центарот на Скопје

И денеска затворени за сообраќај се улицата „11-ти Октомври” на потегот од бул.„Кочо Рацин” до ул.„Димитрије Чуповски” и ул.„Даме Груев” на потегот од ул.„Македонија” до ул.„11-ти Октомври”. Сообраќајната полиција не дозволува влез на автомобили по овие градски сообраќајници поради демонстрациите кои се најавени и за денеска пред Собранието на Македомнија, како и заради кампот под шатори на дел од демонстранти кои од завчера престојуваат пред зградата на Собранието. Со именети траси на сообраќај се и дел од автобуските линии на ЈСП.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.