И денес ќе биде облачно, можен е и дожд
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југоисточните и источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.