И Црна Гора ќе прави ветинг на судиите


По Албанија, и Црна Гора најави дека ќе спроведе ветинг на судиите и на обвинителите за да пресмета со корупцијата во овие ешалони на државата. Аналитичарите во земјата бараат властите да се консултираат со межународни експерти пред да почнат со ветингот имајќи ги во предвид лошите искуства во Албанија. 

На крајот на ноември, министерот за правда во заминување, Марко Ковач, објави дека судиите и обвинителите ќе бидат проверени како дел од обидот да се ослободат судовите од мито.Следниот месец, неговото министерство формираше работна група за подготовка на процесот, составена од претставници на Министерството за правда и претставници на Врховното државно обвинителство, Врховниот суд, Судскиот и обвинителскиот совет, парламентот, владата, државното обвинителство, здруженијата на судии и претставникот на Црна Гора во Европскиот суд за човекови права.