И бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ пред забрана


И бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ деновиве, како што се најавува, ќе добие одлука за затворање откако рокот истече, а преставниците на клубот не поднеле барање за промена на името, иако тоа го најавија. 

Како што се дознава, место да поднесат барање за промена на спорното име, од клубот „Цар Борис Трети“ барале објаснувања од Централниот регистар – зошто треба да го направат тоа, практично развлекувајќи ја процедурата. Денес новиот министер за правда, Кренар Лога, најави дека утре ќе има состанок комисијата  што решава за спорните имиња и врз основа на нивната препорака и одлука, тој веднаш ќе потпише решение, како што го направи тоа за клубот „Ванчо Михајлов“.

Според Лога, Централниот регистер веќе испратил барање до Министерството за правда  за усогласување на името со законските измени  за имињата на невладините здруженија и клубови.