Хуманитарна модна аукција во „Лабораториум“
Во рамките на Моден викенд Скопје, вечерва, во 20 часот, во Културниот центар „Лабораториум“ ќе се одржи Модна аукција со цел, Носи ја промената.
„Придружете се на хуманитарната модна аукција, дел од кампањата „Денови на донирање“ на Конект. Наддавајте за неверојатни дизајни донирани од познати дизајнери како Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, „ Terziya“, „Bella“, „Milkbride“, Александар Стојанов-Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова, Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.
Со набавката на вашиот омилен дизајн, поддржете го Фондот за филантропија и важни иницијативи за превенција од пожари, технологија за деца со попречености, пациенти со рак и образовни програми за млади“, велат организаторите на аукцијата, Конект.
Водител на настанот е Никола Трајковски, а водител на аукцијата е гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески.