Хуманитарен новогодишен базар за печатење книги на Брајово писмо


Во Скопје денеска ќе се одржи Хуманитарен новогодишен базар, а средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за печатење книги на Брајово писмо.

Базарот е на иницијатива на неколку хумани жени, а го организира Lions Club Светлина од Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да купат користен накит и други подароци.