Хрватскиот парламент го усвои буџетот за 2021, предвидува економски раст од пет отсто


Хрватскиот парламент денеска го усвои буџетот за следната година, кој предвидува економски раст од пет проценти, со проекции за 2022 и 2023 година.

Буџетот беше изгласан од владејачкото мнозинство, откако пратениците од опозицијата ја напуштија салата во знак на протест против усвојувањето на само неколку нивни амандмани, но се вратија за гласање.

Најважниот финансиски документ на државата ги доби потребните 76 гласа, додека 49 беа против.

Предвидените приходи на буџетот се на ниво од 147,3 милијарди куни (околу 19,5 милијарди евра), а расходите на 157,9 милијарди куни (околу 19,8 милијарди евра).

Владата предвиде економски раст од пет проценти следната година, 3,4 проценти во 2022 година и 3,1 процент во 2023 година.

Дефицитот треба да изнесува 1,5 милијарди евра во 2021 година, објавија агенциите.