Хрватска со нови 890 заразени, починаа осуммина

Во последното деноноќие во Хрватска забележани се 890 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни се зголеми на 5.519.
Од нив 574 се во болница, а 32 на респиратор.
Починаа осум пациенти,
Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 заболеа 26.863,а починаа 382. Оздравеа 20.962, од кои 433 во последните 24 часа.
Тестирани се вкупно 406.519 лица, од кои 5.883 во последните 24 часа.
Крунослав Цапак, директор на Хрватскиот завод за јавно здравство, рече дека смета оти на Хрватска не ѝ треба повторно затоврање, но дека постојат низа други можности кои можат да се применуваат со сегашните пропишани мерки.
„Дополнително скратување на времето, намалување на бројот луѓе на собири, па и во семејствата“, рече тој.
Откри дека не се размислува за полициски час.