Хрватска со нови 2.597 позитивни на корона вирус, починаа 28 пациенти


 

Во последните 23 часа во Хрватска регистрирани се 2.597 нови случаи на зараза со Ковид-19, а бројот на активни се зголеми на 15.513.

Меѓу нив 1.545 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 178 пациенти.

Починаа 28 пациенти или вупно 893 од почетокот на пандемијата.

До денеска заразени се 72.840 луѓе, а оздравеа 56.434.

Во смаоизолација се 32.225 лица.

Тестиранис е вкупно 582.170, од кои 9.681 во последните 24 часа.

Директорот на Хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, изрази задоволство од стагнацијата на бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот.

-Нашиот неделен раст стагнира. Од 34 до 36 недели имавме зголемување од 80 до 110 проценти на неделно ниво, додека оваа недела имаме раст од само четири проценти, рече Чапак на прес-конференција.

Според него, сега се позитивни 28 проценти од вкупниот број на тестирани примероци.

-Инциденцата е 772, што Хрватска ја сместува на самиот врв на земјите од ЕУ, изјави тој.

Чапак, меѓутоа, изјави дека во некои жупании на северот од земјата, инциденцата е поголема и од 1.000 на 100.000 жители, јави хрватскиот портал Индекс.

-Стапката на смртност е 208 на милион жители, што значи дека Хрватска е во средината на скалилото на земјите од ЕУ, рече Чапак.

Хрватска, додаде Чапак, е „сериозно подготвена“ за вакцинирање, дека вакцината е веќе резервирана за 50 проценти од населението, но дека не знае во кој момент тоа ќе се случи.