Хрватска планира да забрани продажба на разладен алкохол – најмногу ќе настрада пивото


Министерството за економија подготвува измени на законот за трговија со што би им дале на локалните самоуправи1можност да ја забранат продажбата на алкохол, особено разладен алкохол.

Тие засега не сакаат официјално да ги соопштат информациите, но неофицијални извори од Министерството потврдуваат за Index дека измените на законот планираат да ја воведат токму оваа промена.

Градовите би можеле да ја забранат продажбата на студено пиво во продавниците
На градовите и на општините би им била дадена опција по одредено време, продавниците, бензинските пумпи и киосците повеќе да не смеат да продаваат разладени алкохолни пијалоци. Јасно е дека пивото би било најпогодено, а самите градови би можеле да одредат од кои часови ќе важи забраната.

Во пракса, ова веројатно би значело дека пијалоците не би можеле да се земаат од фрижидери и ладилници, а Министерството го гледа ова како нешто поблага опција од целосна забрана за алкохол во вечерните часови и верува дека ова би го решило проблемот со пијаните луѓе што го нарушуваат јавниот ред и мир на улиците, за што особено силно се жалат од минатото лето во Сплит, но и во некои други туристички дестинации на крајбрежјето.

На прашањето дали ова решение всушност ќе ја поттикне потрошувачката на пијалоци со поголема содржина на алкохол од пивото, тие сè уште немаат одговор.