Хрватска малку тестираше, има 393 новозаразени, но 11 починати


Националниот штаб на Хрватска ги објави денешните статистики во врска со Ковид-19, при што тестирани се 3.636 луѓе, а 393 се позитивни, додека 11 пациенти починале.

Активни се 5.070, од кои 571 пациент се лекува во болница, а 35 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска заболеле 25.973 лица, од кои 374 починаа, а оздравеа 20.529.

До денеска тестирани се 400.636 лица.