Хрватска го донесе буџететот за следната година, од 450 амандмани прифатени само девет


Хрватскиот Сабор во средата со мнозинство гласови го изгласа државниот буџет за следната година со проекции за 2023 и 2024 година, јави Хина.
За буџетот гласаа 77 пратеници од парламентарното мнозинство, еден повеќе од потребните 76, а против беа 49 опозиционери.
Со неколкучасовно гласање, Саборот ја потврди одлуката на Владата да прифати само девет од поднесените 450 амандмани согласно законот – четири се на парламентарно мнозинство, додека пет се од опозицијата вредни 11 милиони куни, порди што таа ги смета за недоволни и ги нарекува „кикирики“.

Приходите на државниот буџет за 2022 година, шести предложен од Владата на Андреј Пленковиќ, изнесуваат 164,5 милијарди куни, расходите се речиси 174 милијарди куни, а буџетскиот дефицит е над 9 милијарди куни.

Најголемо зголемување на расходите е поврзано со реконструкцијата од земјотресот, а потоа следуваат расходите за системот на социјална заштита, пензиите и пензискиот систем.

„Сакаме овој буџет да го забрза растот, економската трансформација и структурните реформи и да ја зајакне нашата отпорност и подлабока интеграција во Европската унија“, рече премиерот Пленковиќ при претставувањето на буџетот пред Парламентот.

Главна насока, нагласи, е преминот од кризен менаџмент кон конкурентност и отворање нови работни места.

Буџетот се базира на охрабрувачките трендови во закрепнувањето на хрватската економија, најавите за трговска војна и растот на БДП од најмалку 9 отсто во 2021 година, успешната туристичка сезона и растот на извозот.

Владата сака и следната година да продолжи одговорно да управува со јавните финансии, планот е јавниот долг следната година да оди до 80,7 отсто, а дефицитот на општата влада да падне на 2,6 отсто од БДП.

Буџетот за 2022 година, односно макроекономските проекции за следните две години, предвидуваат и влез на Хрватска во еврозоната, што заедно со влезот во Шенген зоната е една од двете стратешки цели за подлабока интеграција во Европската унија.