Хрватска денеска регистрира 4.571 новозаразен, починаа 26 лица
Денеска во Хрватска регистрирани се 4.571 нов случај со корона вирус, а биле тестирани 13.083 примероци. Уделот на новозаразените меѓу тестираните е 34,93 отсто.
Бројот на активни случаи изнесува 20.645. Меѓу нив 1.207 пациенти се на болничко лекување, а 153 се на респиратор.
Починаа уште 26 пациенти.
Вчера имаше 3.360 новозаразени, а починаа 30 пациенти, додека уделот на позитивните беше повеќе од 31 отсто.