Хрватите се жалат од цените по воведувањето на еврото
Влезот на Хрватска во шенген зоната и воведувањето на еврото создаде многу проблеми како на границите така и во маркетите.Граѓаните се жалат дека еврото им направило многу проблеми во пресметките на цените. Со претварањето од куни во евро излегува дека сите цени се зголемени. Поради тоа првиот месец цените ќе бидат испишани и во куни и во евра. Ништо подобро не е ни на пазарите каде сирењето и павлаката се поскапи за 10 куни. Според извештаите од терен, поскапел дури и паркингот.
Гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ, на последниот ден од 2022 година, ден пред официјалното воведување на еврото, изјави дека секогаш се можни технички проблеми, но и дека ХНБ и банките го проверуваат функционирањето на информатичкиот состав и дека дотогаш немало индикации дека може да има проблеми. Неколку недели претходно изјави и дека не очекува поскапување.
„Ако ги погледнеме примерите на земји кои веќе го вовеле еврото, а станува збор за деветнаесет земји, нивните искуства покажуваат дека имало пораст на цените кога се воведувало еврото, но тоа било релативно мало, во просек од 0,2 на 0,4 отсто од растот на инфлацијата во годината во која беше воведено еврото“, рече Вујчиќ при посетата на Вуковар.И тогаш, спротивно на сите најави и очекувања, 1 јануари 2023 година донесе вистински хаос. Поголем дел од се’ што се најавуваше се покажа спротивно, а се појавија бројни нови проблеми на кои никој не ни сметаше. Сето ова укажува на тоа дека не било сè подготвено како што било кажано и најавено.
Медиумите и социјалните мрежи се преплавени со информации како во некои продавници не примаат куни иако тоа мора да го прават до 15 јануари. Истовремено, други велат дека во продавниците кога плаќаат со евра, како кусур добиваат куни.Евидентирани се и случаи на граѓани кои се обидуваат да ги користат продавниците како менувачници и остануваат без куни. Во исто време, најмалку половина од банкоматите се надвор од употреба со денови поради преминувањето на еврото, па често во останатите банкомати нема готовина. Добрата вест е што претходно беше овозможено граѓаните да користат банкомати на други банки без вообичаената провизија. Квалитетно беше извршена и конверзија на куни во евра на тековните и жиро сметките на граѓаните.
Голем дел од производите поскапеа затоа што трговците почнаа да ги заокружуваат цените, но до повисоки износи. Граѓаните посочија на случаи кога цените во берберниците преку ноќ пораснале од 40 куни на 10 евра.Кон поскапувањето се приклучија бројни трговци кои ја искористија оваа транзиција за дополнително да ги зголемат високите цени. Цените на храната преку ноќ поскапеа за 10 отсто без очигледна причина, што може да се опише само како неверојатна алчност и желба за заработка. Имаше и бројни случаи каде трајните налози во куни беа претворени во трајни налози во евра, но во исти износи. Тие проблеми брзо се забележани, па парите се вратени на сметките на граѓаните. Се евидентираат и големи редици граѓани пред банките и поштите. Сметките не можат да се платат затоа што, според трговците, системот се уште не е поставен.
Има и случаи кога, на пример, „крајбрежниот“ леб чини 17,48 куни или 2,32 евра во голем трговски синџир, а во пекарите 13,94 или 1,85 евра. А дека немало потреба говори и тоа што Владата на Република Хрватска претходно ги замрзна цените на струјата и гасот. Дополнително, по неколкунеделните поскапувања, конечно почнаа да паѓаат и цените на дизелот и бензините. Граѓаните се’ што се случува на теренот го објаснуваат со зборовите – хаос.
„Ова е ужасно. Знаев дека ќе има проблеми, но ова е морничаво. Ништо не функционира како што е најавено, па не ми е јасно зошто се продолжи со воведувањето на еврото ако претходно не подготвивме се. Каде и да погледнеш има проблем и се прашувам што правеа претходните месеци и години. Во исто време, да разјасниме, јас секако сум за воведување на еврото, но не на овој начин. Ова дополнително ќе не врати назад. Хрватска до сега беше прескапа, а со овие цени ќе станеме рекордери во ЕУ. Се прашувам кој ќе одговара за сето ова“, рече Степан Михајлевиќ за „Ал Џезира“.
Слични коментари имаат и други граѓани. Стравот е дотолку поголем кога се знае дека поскапувањето на се’ не е придружено со покачување на платите и пензиите кои останаа исти.
„Во еден занает работат на еден