Хрватите никако да се попишат – два пати се продолжува рокот


 

Пописот на населението, домаќинствата и становите во хрватска продолжен е до 14 ноември, одлучи денеска владата, наводно поради отежнатите околности за спроведување на оваа статистичка операција поради пандемијата од Ковид-19.

Пописот требаше да се спроведува до1 7 октомври, потоа Државниот завод за статистика го продолжи до 29 октомври, за денеска владата да одлучи тој да трае до 14 ноември.

– Сметаме дека поради специфичните епидемиолошки околности во кои се спроведува пописот нужно е да се донесе одлука за продолжување на рокот, поради проценката дека до 29 октомври нема да бидат попишани сите единици – рече директорката на Државниот завод за статистика, Лидија Брковиќ.

Продолжувањето ќе им овозможи на попишувачите на терен со лично интервју меѓу населението, со помош на електронски уреди, да го извршат попишувањето на сите пописни единици кои не се попишале самостојно и да спроведат контрола на податоците собрани од првата фаза на пописот, кога луѓето сами се попишуваа електронски.