Хрват се обиде да се самозапали пред зградата на Европската Комисија
Белгија – Белгиската полиција спречила маж кој се обидувал да се самозапали пред зградата на Европската Комисија синоќа во Брисел.
Според полициски извори станува збор за Хрват кој “сакал да го привлече вниманието на Емануел Макрон“, францускиот претседател, на неговите семејни проблеми.
Во зградата на Европската Комисија нема шефови на држави и влади и ниеден европски лидер моментално не престојува во Брисел.
Хрватот се полил со бензин пред да се запали, но полицијата на време го испрскала со вода и го спречила пред да го уапси и однесе во болница.
Нема информации за сега за неговата здравствена состојба.