Христо Петрески на 17. Меѓународен книжевен фестивал во Нови Сад


Претседателот на Друштвото  на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески ќе учествува на 17.Меѓународен книжевен фестивал, што ќе се одржува од денеска до 7 септември во Нови Сад.

Петрески ќе настапи како поет, а ќе земе учество и на симпозиумот Книжевноста и насилството на тема „Зборот и ништото“ заедно со писатели од Шпанија, Англија, Луксембург, Германија, Црна Гора и Србија.

Христо Петрески, како претседател на ДПМ, ќе учествува и на свеченостите на 7 и 8 септември – по повод независноста на Северна Македонија, што ќе се одржат во Нови Сад и во Белград.