Хороскопски знаци на кои октомври не им е наклонет


Прочитајте го хороскопот за почетокот на октомври, овие знаци нема да пројдат добро!

Пристигна ретроградниот Меркур, ќе трае до средината на октомври, а во првата недела од тој месец, ќе има најголемо влијание врз овие пет знаци. Внимавајте ако сте меѓу нив, проблемите ќе се појават на сите страни и ќе имате впечаток дека не можете ништо да направите за да си помогнете себеси и на другите! 

Овен 

Меркур е во вашиот сектор на партнерство и љубов, поради што е најдобро да се измери три пати и да се сече еднаш кога станува збор за комуникација. Можно е се што ќе кажете да биде погрешно разбрано, што ќе доведе до несогласувања и расправии на секое поле. 

Близнаци 

Меркур е вашата планета, и кога е ретрограден, па дури и во вашиот сектор на креативност, имате впечаток дека светот за вас се превртел. Чувствувате блокада, во секој дел од вашиот живот, без разлика дали тоа е нешто што не успевате да го постигнете во убов, проект на работа, ова едноставно не е ваш месец и подобро е да ги одложите големите планови за ноември. 

Девица 

Ретроградниот Меркур во квадрат со Плутон ви носи желба за големи промени, но во исто време предизвикува турбуленции во љубовта. Нема да ви биде лесно, и ако веќе долго време сакате да се смените кога станува збор за љубовниот статус, можно е во октомври да направите чекор од кој малку се плашите. 

Јарец 

Бидете исклучително внимателни на работа во наредните недели! Меркур е во вашиот сектор на успех и копнее да предизвика проблем. Toе ви се чини дека сте неспособни на работа, иако знаете што правите и ќе треба да проверите се што пишувате трипати. Се препорачува посебна претпазливост ако работите со бројки! 

Риби 

Меркур ќе влијае најлошо врз вас, бидејќи „удира“ таму каде што најмногу ве боли – на полето на љубовта и финансиите. Очекувајте влошување на двете полиња! Започнете веднаш да штедите пари, октомври е страшен месец за финансии, и само од вас ќе зависи како ќе поминете во љубовта. Запомнете дека Меркур е небесен „измамник“ и дека намерно се обидува да ве влече по тенок мраз. Одолејте и ќе бидете среќни!