Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН: Период во кој што ве краси неверојатна флексибилност: што и да се случи, ќе имате воља да простите, да кажете некој љубезен збор и бидете широкогради. Месечината во Лав ќе ви отвори нови и прекрасни можности да се сретнете со креативни луѓе, кон кои ќе се однесувате смирено и објективно. Ова е период кога инсистирате на независност.
БИК: Нема потреба да се наметнувате онаму каде што има гужва: бидете спокојни и трпеливи, избегнувајќи ги кавгаџиите и фалбаџиите. Вашата практична природа ќе ви објасни како да бидете умерени, особено во она кое што им е на сите допуштено: сѐ треба да има своја мера и место. Облечете ја улогата што ви одговара најдобро и насмејте се.
БЛИЗНАЦИ: Одличен период да им се посветите на блиските врски и да постигнете баланс, надминувајќи ја потребата да се натпреварувате само со цел да освоите нешто: храбри и самоуверени во сопствените ресурси, од вас се бара постојаност. Пред вас се отвораат нови опции, како некоја раскошна порта низ која што треба да минете: имате ли идеја која е вистинската?
РАК: Прифатете ја вашата сегашна улога, без да си придавате преголемо значење: ставете се во втор план и следете ги останатите. Тие се тука да ви помогнат, за да ја стекнете саканата слобода. Многу работи не зависат од вас и време е да научите како да бидете поромантични: не галамете, ако немате нешто подлабоко да кажете. Слушајте повеќе.
ЛАВ: Месечината во вашиот знак ви ја носи потребната поддршка и динамика: полесно се разбирате со блиските и подготвени сте за нови иницијативи. Заборавете на минатите неуспеси и не ги обвинувајте другите: тоа ќе биде како да се капете во кал. Со добро чувство за дипломатија и љубезност ќе ја постигнете саканата хармонија.
ДЕВИЦА: Момент за славење, во кој што ќе жртвувате дел од сопственото време: оние што имаат повеќе им даваат на тие што немаат и со слатки зборови ќе ги надминете деликатните ситуации. Издигнете се над другите, користејќи ја својата искусна природа, добра воља и логика. Свртете се кон внатрешниот свет и најдете ги своите одговори.
ВАГА: Период на транзиција, кој што бара да го смените старото однесување за да дојдете до нови резултати: имајте поголема самодоверба и отскокнете кон непознатото. Ако се плашите, не значи дека сте кукавици, туку само дека сте внимателни: понизни и широкогради, ќе успеете да ги задоволите амбициите и да постигнете духовен мир.
СКОРПИЈА: Иако сакате да напредувате, планетарната слика укажува дека се појавува некаков вид на блокада: можеби е најдобро да појдете некаде на пат и да се одморите. Ако се чувствувате конфузно во познатите места и како да сте во музеј, опуштете се и бидете храбри ако работите не се одвиваат според вашите желби. Сите имаат различен вкус.
СТРЕЛЕЦ: Убави влијанија од огнените знаци, но вие сте пред искушение и размислувате да се повлечете во својот сопствен свет, барајќи помош во самите себе. Размислете кои се вашите слабости, бидејќи во најдобар интерес ви е да бидете поотворени, иако сте скромни. Дајте им шанса на луѓето да ви се приближат и да кажат нешто убаво за вас.
ЈАРЕЦ: Нешто прекрасно се случува во вашиот живот: следете ги сите ситни знаци и ќе откриете како да постигнете независност, достојна за вашата зрелост и морал. Ако треба, ќе се менувате во последен миг и ќе научите дека преку потешкотиите ја надминувате лажната суета. Научете да се адаптирате тогаш кога тоа ќе се бара од вас.
ВОДОЛИЈА: Прекрасни можности за експанзија, учење и самоусовршување: успевате во љубовта и доаѓате до награди, но не си дозволувајте да бидете понесени од славата. Внимавајте во интерперсоналните ситуации и променете се кога ќе се бара тоа од вас: без отпор кон овие прочистувачки моменти. Ако ви треба помош, барајте ја однадвор.
РИБИ: Убав период, во кој што постигнувате среќа: некои пријатели повторно се враќаат во вашиот живот. Иако не очекувате, сепак напредувате и на материјален план, а за тоа ќе треба да се откажете од нешто: животот е мистерија, со некои сопствени правила. Некоја случајна фраза или порака ќе ви ги отвори очите. Верувајте повеќе.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ