Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е период со прекрасни изненадувања пријатели: отворете се за промените и убавите резултати како последица од тоа. Доаѓате до емоционално исполнување и романса, разбирајќи дека сите одговори лежат во вас: погледнете се во огледалото подобро. Што ви вели тоа? На работен план не брзајте и развивајте ги оригиналните идеи.

БИК: Една фаза завршува е веднаш започнува нова: иако работите се развиваат бавно, тие сепак напредуваат. Имајте јасно формирани цели и сетете се дека и на семето му е потребно време за да изрти во еден прекрасен цвет. Најдете време да се одморите, откривајќи дека ја имате саканата поддршка: од своите најмили, до вашите ментори.

БЛИЗНАЦИ: Длабоко во себе веќе чувствувате дека се ближи еден среќен период: жртвувајте дел од своето време и минете го со саканите, разбирајќи ја природата на животот. Поврзете се со духовниот свет и соочете се со своите сенки: тие се тука да ве научат како да растете. Надминете ја нервозата со храброст и надраснете ги стравовите.

РАК: Постигувате стабилност во семејниот сектор, како и во сентименталните врски и економската ситуација: сите потфати ќе бидат успешни и може да очекувате дополнителни финансии, како и некаков вид на наследство. Вложениот напор се исплаќа и добро ќе биде ако најдете време за своето хоби, пријателства и љубов. Спортувајте повеќе. Среќа.

ЛАВ: Добро запрашајте се дали држите во себе некаков вид на стара болка или тага и дали се соочувате со омраза? Што е тоа што се провлекува од минатото? За да дојдете до вистинско исцелување ќе треба да ги прифатите мистериите на животот, користејќи ги своите таленти и широкоградо разбирање. Насмејте се дури и кога ќе се двоумите. Радост.

ДЕВИЦА: Фокусирајте го своето внимание на своите претходни искуства и така најдобро ќе знаете како да постапите во иднина: планетите во Бик ви даваат пријателска поддршка, како и совет да медитирате. Научете да чекате кога за тоа ќе биде потребно. Одморете се свесно и ослободете се од минатото: неправдата ќе се коригира самата од себе. Чест.

ВАГА: Погледнете ги сегашните проблеми низ очите на друга личност: внимавајте на имотот и заштитете го со време. Привршувајте ги започнатите работи и откажете се од нешто: за ова ви е потребна сила, но така ќе дојдете до нови инвестиции и ќе направите мудри решенија. Внимавајте на финансиите и отплатете ги долговите. Релаксација.

СКОРПИЈА: Пред вас е некаков вид на предизвик, кој ќе ве натера да се запрашате со колкава интелигенција навистина располагате: можеби сакате сѐ да фрлите во ветер и да започнете нешто сосема ново. Храбри и непоколебливи, ќе треба да го откриете вистинското време за акција. Дали водите со пример? Дали сте доволно избалансирани? Штедете повеќе.

СТРЕЛЕЦ: Некаков вид на рестрикција: можеби некој намерно се обидува да ве повреди? Ќе треба да внимавате добро и да не се повредите самите себе: преговарајте со луѓето за да откриете за што навистина станува збор. Бидете скромни, разбирајќи дека имате сѐ што ви е потребно. Чесни и непристрасни, ќе откриете многу нови работи за својата личност.

ЈАРЕЦ: Убави вести, кои што ќе ве израдуваат: покажете добра воља и ќе напредувате во бизнисот и работната сфера воопшто. Постигнувате економска независност, уживајќи во она што ви го носи животот. Најдете време за одмор и добро прашајте се кои се вашите соништа, надежи и желби. Работата се одвива околу долготрајните проекти. Време е за штедење.

ВОДОЛИЈА: Ако му се препуштите на стравот, ќе останете со заврзани раце и ум: вие сте способни да опстанете и во најтешките услови, но можеби сте заборавиле на својата разиграна природа. Не грижете се пријатели, насмевката се враќа на вашето лице, особено ако успеете да се вклопите со другите. Практицирајте ја оваа мудрост и не брзајте. Одморете се.

РИБИ: Наидувате на потешкотии, кои што ќе ги отстраните користејќи ги своите квалитети на сомилост, разбирање и имагинација. Отворете ги добро очите, разбирајќи ги своите дилеми: подготвени сте да се менувате и нема да ги повторите истите грешки. Сегашната ситуација набрзо се менува и конфликтите ќе исчезнат самите од себе. Нови идеи.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]