Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Ова е ден за интроспекција и првиот дел драстично се разликува од вториот: размислете како е најдобро да го споделите своето искуство и знаење со светот. Можеби ќе треба да сте поумерени, скромни и резервирани, но нека не ве загрижува тоа: побарајте поддршка кај некоја авторитетна и искусна личност и останете трпеливи.
БИК: Желбата да дејствувате и да напредувате е преамбициозна во овој момент, затоа најдобро ќе биде да најдете време за медитација и одмор: имајте самодисциплина кога ќе почувствувате дека сте мрзеливи и направете нешто ситно за да се анимирате себе си и блиските. Отстранете ги застарените навики и сменете го ставот.
БЛИЗНАЦИ: Она што сте го започнале минатиот ден, успешно се реализира денес: работата се одвива добро и тоа се рефлектира и на домашен план. Обрнете им внимание на деталите и откријте како совршенството се постигнува по некој сопствен план: комуницирајте јасно и директно, имајќи чувство за такт и дипломатија. Денес сте мудри и духовно мирни.
РАК: Доаѓате до опипливи резултати, како и нови шанси да учите, да се подобрите и да истражувате: опуштете се малку и уживајте во постигнатата добросостојба. Некои тешкотии остануваат во минатото и сега сте фокусирани на тоа да постигнете сигурност во домот, но и во личните врски. Бидете толерантни и фиксирани на сегашноста.
ЛАВ: Пред очите ви свети црвено: страстите растат и ако не го добиете она што го сакате, би можеле да експлодирате. Запрашајте се добро која е вашата мотивација и избегнувајте љубоморни испади и сцени. Подобро ќе биде да ја искористите оваа силна енергија за да го постигнете она што го сакате и да се трансформирате. Бројте до три.
ДЕВИЦА: Не дозволувајте тивките и несигурни шепоти да ве вознемируваат и да ви ја крадат храброста: избегнете ги игрите на умот да бидете фокусирани на она што го немате, со тоа што ќе ги броите своите благослови: на тој начин ќе избегнете да ја трошите енергијата во погрешна насока и ќе дојдете до подлабока мудрост. Разбудете се!
ВАГА: Стабилни и смирени, совршено ги држите емоциите под контрола: знаете што сакате и јасно им давате на знаење на блиските како стојат работите. Шармантни и задоволни, подготвени сте за нова фаза во животот, со која што ќе ја реставрирате самодовербата во непосредната иднина. Идеален момент за презентација на нови проекти.
СКОРПИЈА: Некоја чудна мистерија се провлекува и можни се тешкотии на професионален план: можеби сте уплашени од некоја личност или не знаете да се поставите соодветно. Не дозволувајте да се повторуваат некои работи од минатото, туку решително погледнете ѝ на вистината во очи. Посматрајте што се случува и бидете објективни.
СТРЕЛЕЦ: Денес ништо не може да ги сопре вашите амбициозни, но практични планови: движени од некоја повисока сила, имате силна самодоверба и зрачите со решителност! Како да имате стара книга со тајни која што ви кажува како да танцувате со судбината: принципиелни и одговорни, сè што ќе допрете се претвора во злато.
ЈАРЕЦ: Можеби ситуацијата бара да чекорите со заврзани очи и да имате неверојатна верба, а што ѝ паѓа тешко на вашата рационална природа: како, каде и кога, се прашувате, а сè што треба да направите е само да се препуштите. Ова е процес со кој што се менувате на подобро и успевате да се справите дури и со долготрајните застои и блокади.
ВОДОЛИЈА: Некои работи се можеби болни, но се судбински: сетете се на времето кога имавте информации, а не ги искористивте за да пораснете, туку да ги следите модните трендови и претерувањата од секаков вид. Иако во вас лежат одговорите на сите прашања, побарајте совет од некоја доверителна личност. Ставете се на диета.
РИБИ: Задолжени сте со нови планетарни влијанија, кои што бараат од вас да се однесувате правилно: без оглед колку е ситно или широко вашето поле на дејствување, однесувајте се како тоа да е сиот ваш свет и обрнете му дури ритуално внимание. Едуцирајте се повеќе и научете како да бидете понизни и да служите повеќе.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ