Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Уживате во топли чувства и симпатија, додека вниманието ви е фокусирано кон општествената сцена: амбициозни, но компулсивни, ќе треба да го корегирате своето однесување. Не постои реална причина за недоверба, иако состојбите укажуваат дека треба да сте резервирани: ако не верувате на работите на прв поглед, почекајте.

БИК: Ова е среќен период, во кој што се случуваат убави изненадувања: можна е средба со некоја пријателска личност или роднина од далечните земји, преку кои што доаѓате до нови информации или дарови. Вестите може да ги добиете на чуден начин, како одговор во соништата, некоја забелешка во автобусот или замерка од блиските.

БЛИЗНАЦИ: Работите се движат според зацртаната цел и од вас се бара да се соочите со трансформацијата на внимателен начин: континуиран прогрес на некоја идеја или бизнис. Откривате нови начини да се разберете во интерперсоналните врски и можеби ќе патувате, барајќи методи да се усовршите себе си. Заштитете ги рацете и рамениците.

РАК: Контролирајте го своето однесување, за да не предизвикате анимозитет поради немањето на силна волја: внимавајте на ексесивното однесување и авторитаризам, а особено во однос на партнерските односи и работата. Интересот е поврзан и со легалните процедури, но и со патување кое што ќе ви го смени животот.

ЛАВ: Колку и да сакате да го наметнете своето влијание и амбиција, нема да може да напредувате, ако не изградите добри мостови за комуникација: дневниот фокус е токму на вашиот знак и ако не внимавате доволно, би можеле самите да се повредите себе. Бидете доволно храбри да признаете дека грешите и заминете си со достоинство.

ДЕВИЦА: Откривате нови мистерии на самиот почеток на работната недела и, иако можеби не знаете во кој правец да се движите, веќе сте доволно искусни за да продолжите, дури и ако некој ви се испречи на патот. Ова се судбински случки, кои што ќе имаат трајни последици, а вие учите како да се заштитите, оставајќи го минатото зад себе.

ВАГА: Можеби наизглед делувате незаинтересирано, но срцето ви чука со некој посебен ритам и повторно откривате дека страста струи во вашиот живот: судбински средби и во фокус доаѓа вашиот неодолив шарм и софистицираност. Не жалете се дека судбината ве фрла ваму-таму, бидејќи ќе признаете дека сте слаби, а тоа не е точно.

СКОРПИЈА: Работите се случуваат како во сон: само што започнавте да се искачувате на скалилата на успехот, се чини дека тие почнуваат да се распаѓаат. Сега сте ниту на небо, ниту на земја: лебдите како да не постои гравитација и се прашувате дали сте навредиле некого. Ваквата несигурност може да биде продуктивна: нов животен стил!

СТРЕЛЕЦ: Подгответе се за нов циклус на промени, особено во секторот на здружени финансии: успехот ви е загарантиран и добро е да верувате иако работите се неизвесни. Учејќи кога да чекате, а кога да напредувате, ќе успеете да го погодите вистинскиот тајминг и да избегнете случки од негативен карактер: бидете љубезни.

ЈАРЕЦ: Ќе успеете да ги решите проблемите, особено ако останете љубезни и меки: бидете среќни и задоволни со она што веќе го имате и планирајте како да заштедите повеќе. Легалните процедури ќе ги решавате брзо, а во однос на здравјето, ќе треба да внимавате на главата, очите или носот. Покажете ги своите таленти!

ВОДОЛИЈА: Работите се одвиваат на природен начин и нејаснотиите почнуваат да се разјаснуваат: останете смирени ако ви е дадено нешто за кое што не сте кадарни да го возвратите. Постои некаков вид на искушение или тајна, кое што ќе покаже дека некои соништа се залудни и лажливи: не губете чувство за реалноста. Сочувство.

РИБИ: Чудно е како некои работи од минатото се испреплетуваат во сегашноста: во таквите времиња можете да ја кажете својата страна на настаните и да покажете колку сте праведни и еманципирани. Како да ткаете неаква таписерија и треба да ги одберете најдобрите материјали за тоа: време е постигнете независност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]