Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Неуморни и динамични, денес ќе постигнете среќа благодарејќи ѝ на својата славна личност, а ориентирани кон постигнување на поголема слобода: нови пријателства и средби од интимен вид, кој ќе го зголемат вашиот ентузијазам. На професионален план работите се одвиваат одлично и доаѓате до корисни промени: време е да се опуштите и насмеете!

БИК: Можеби мислите дека не се снаоѓате добро на материјален план, но ако размислите подобро ќе сфатите дека постојат начини со кои што може да напредувате: можеби не на грандиозен начин, но малку по малку ќе поставите здрава основа за понатамошните планови. Среќата ја наоѓате во групните активности, но и во сигурноста на домот.

БЛИЗНАЦИ: Сега сте на половина циклус и потребно ви е да разберете како да продолжите понатаму: дали да се повлечете и да размислите за суптилните пораки кои што доаѓаат во вашиот правец и дали да им верувате на советите кои што ви ги даваат пријателите? Ако треба, побарајте стручен совет или медицинска нега и следете ја трпеливо. Нови инвестиции.

РАК: Судбински случки, кои што ќе ве разбудат за да се запрашате што да направите, а да не предизвикате завист: ова е особено важен период и сега не треба да сте игнорантни. Добро е што верувате во себе си и својата среќна ѕвезда, наоѓајќи начини да се извлечете и од најтешките ситуации: време е да го чуете гласот на совеста и да се соочите со непознатото.

ЛАВ: Ќе внимавате туѓата нервоза или љубомора да не ви предизвика сериозни потешкотии: ако ги изострите своите антени на време, ќе можете да ја чуете музиката која што доаѓа во вашиот правец. Подготвени да возвратите соодветно, ќе ги изненадите останатите со својот моќен глас: благодарноста е имање на култура и само така ќе функционира тимот.

ДЕВИЦА: Одличен ден за ревизија на старите аранжмани и договори: завршете го започнатото и продолжете со она што е запоставено. Имате доволно време да ги постигнете сите планови и на тој начин да ги смените животните услови: прашајте ги пријателите за совет или побарајте експерт. Непристрасни и независни, доаѓате до финансиски фидбек.

ВАГА: Задоволни со себе и досегашните успеси, славите во друштво на блиските и саканите: добро разбирате кога некој зборува вистина или не и знаете како да се поставите во новите услови. Потребно ви е трпение за да си дадете нов курс, напуштајќи ги досегашните навики и дилеми: средба со имагинативна личност, со која што е лесно да се поврзете.

СКОРПИЈА: Очекувајте вредни информации преку мејл или случајна забелешка во непосредната околина: будни и остроумни, ќе знаете како да одговорите. Иднината е дело на неколку мајки и сега ќе треба да изнајдете начин како да се извлечете од опасните ситуации, а да ги искористите оние што ви се нудат: поврзете две дијаметрално различни шанси!

СТРЕЛЕЦ: Инсистирате на својата лична слобода, како никогаш до сега: креативни и разумни, знаете како да ја скротите импулсивноста. Не обрнувајте внимание на коментарите упатени во ваш правец, туку фокусирајте се на фактите и бидете претпазливи на професионален план. Откријте кога е вистинското време да ја напуштите просторијата и да си заминете.

ЈАРЕЦ: Само мудриот човек може да ги поднесе тешкотиите на материјалната реалност: се јавува потреба да научите нешто ново или да проучите документ од голема важност. Тивка тајна, која што треба да се разоткрие: сѐ има свој почеток и крај, па така и најдлабоките мистерии кои што се вкоренети во душата. Средба со некомуникативна личност, со голема фантазија.

ВОДОЛИЈА: Инсистирате да го откриете начинот за поголема самодисциплина, истражувајќи во повеќе науки истовремено: верувајте им на своите инстинкти, особено при средбата со некоја личност со голема емотиционална моќ. Некоја близок пријател има големо влијание врз вас, како и вистински аргументи и опции: бидете флексибилни и со отворен ум.

РИБИ: Никако не можете да се изначудите зошто вашите планови не се остваруваат онака како што сте замислиле: во текот на цела една година сте фокусирани, одговорни и играте тимски, но резултатите се под вашите стандарди. Ќе ја надминете и оваа неправда пријатели, само ако се организирате и со време ги пренесете добиените информации. Успех!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]