Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: За вас започнува сосема нов период: како морнар ќе го спуштите старото и ќе го истакнете новото знаме на бродот. Активностите се поврзани со домот или семејството, како и можен пат кон некое место покрај вода. Дел од потфатите започнати во текот на минатиот месец веќе носат плодови и се приклучувате кон некоја организација. Истрајност во работата.

БИК: Некој е тука да ги разгали вашите емоции и треба да се запрашате дали оваа врска ги исполнува најдлабоките потреби и тајни желби: период во кој што ќе ја регенерирате својата сила и ќе се издигнете моќно, како митската птица Феникс која што повторно се раѓа од својата пепел. Амбициите ве прават задоволни и доаѓате до награди: финансиски и спиритуални.

БЛИЗНАЦИ: Одеднаш се чувствувате осамени: дел од вас заминува кон нови простори, а вие останувате со сопствените мисли. Љубезни и грижливи, склони сте да се фокусирате единствено на дилемите и недостатоците, но не е сѐ така црно: побарајте го своето сакано друштво и обидете се да оцените што е она што ве блокира и чини неспособни. Ден за интроспекција.

РАК: Економската ситуација се подобрува и со тоа и вашето расположение: пријатни и забавни, уживате во друштво на некој член од семејството. Можна е авантура, како и шанса за промоција: неочекуван прилив на пари, како и купување на луксузни предмети. Имагинацијата се продлабочува, како и можноста да ги решите и најупорните проблеми. Успех!

ЛАВ: Ќе направите напор да се покажете во најдоброто свело и со нов ентузијазам се впуштате во работата: точно знаете каде треба да се обратите и да го одберете најдоброто за себе. Со добра комуникација ќе дојдете во вистинските податоци и ќе ја презентриате својата умешност: владеете не само со умот, туку и со своето срце. Мануелна работа.

ДЕВИЦА: Започнувате од ново, потпирајќи се на своите пријатели: ќе минете низ градината на задоволствата, постигнувајќи финансиска сигурност само ако ги откриете умешно своите таленти. Сега не е време да молчите, туку да планирате како ќе се развивате понатаму. Можеби размислувате да се селите или да патувате. Ден за ревитализација.

ВАГА: И покрај задоволителните услови, се прашувате како да напредувате и да остварите повеќе: бидете благодарни, бидејќи овој период ви го нуди токму тоа. Интелигентно триумфирате во најтешките ситуации и ги постигнувате своите цели единствено со решителност: одбегнувајте конфронтација со самољубиви личности и ќе постигнете мир. Обнова.

СКОРПИЈА: Прекрасно расположени, денес го пренесувате расположението врз сите околу себе: некој би можел да рече дека сте повтроно заљубени и затоа зрачите со среќа. Чудно единство со блиските пријатели, на кои што им дозволувате слобода и изразувате љубов. На работен план би можеле да почнете од ново: нешто се враќа од минатото. Самодоверба.

СТРЕЛЕЦ: Интуицијата се зголемува, како и вашата ранлиза и мека страна: останете флексибилни и грижливи во настојувањето да ги остварите своите соништа. Не дозволувајте да фантазирате за недостижни цели и така ја разбудите љубомората кај другите. Бидете благодарни и останете скромни: разберете ја природата на животот на подлабоко ниво.

ЈАРЕЦ: Опипливи резултати и одлични можности да направите нешто конкретно со пријателите за своето семејство: нови и подобри шанси за просперитет. Бидете трпеливи ако се соочите со препреки кои што се појавуваат при почетокот на секој нов потфат: штом еднаш се одлучите како ќе постапите, не го менувајте мислењето. Верувајте дека ќе истраете!

ВОДОЛИЈА: Емоционланата сила е во подем и сега сте грижливи пријатели, кои им ги исполнуваат желбите на своите познати: ја канализирате својата енергија во нешто конкретно и правите напор да владеете со своите сетила. Можеби мислите дека би можеле да направите и повеќе отколку до сега, но сепак најдете време да се одморите.

РИБИ: Иако правите огромни напори да останете во чекор со времето, се чини дека денес ризикувате да изгубите сѐ: нема место за терање на инат во областа на домот или во останатите значајни врски. Судете мудро и непристрасно и бирајте го вистинскиот час за делување: послушајте ги советите од страна и надраснете го култот на својата личност.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]