Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Денес ќе внимавате на ненадејните случки, кои што би можеле да ви го одземат мирот: внимавајте на вокабуларот и тежнејте кон трајни солуции, почитувајќи го она што сѐуште го имате. Смирете го темпераментот и бидете потактични, разбирајќи дека сте доволно образувани за да ги решите ситуациите на практичен начин. Успех на работен план.
БИК: Се чини дека сѐ околу вас е во константно движење, но тоа не ве загрижува вооптшто бидејќи разбирате дека постојат подлабоки причини за работите на прв поглед. Ослободени од лажната суета, денес немате големи желби, освен да го минете овој прекрасен ден онака како што облаците пловат на небото: тежнеете кон вистина и љубов.
БЛИЗНАЦИ: Иако сте полни со самодоверба и сигурност, денес сепак ќе треба да сте попонизни: не мора цел свет да знае што се случува во вашите интимни одаи и приватни мисли и затоа е добро да поставите граници. Не одоговарајте на туѓата агресија и размислувајте за тоа дека сѐ е со привремена природа, како и времето. Најдете време за одмор.
РАК: Пријателска поддршка во секој поглед: хуманоста е изразена и имате голема љубов за оние со кои што контактирате. Еднакво гледате и на пријателите и на непријателите, знаејќи дека иста сила ги движи сите луѓе. Силни и непоколебливи, успевате да ги надвладеете негативните емоции и да постигнете успех на здравствен план.
ЛАВ: Ако се чувствувате осамено во првиот дел од денот, знајте дека тоа ќе се смени во текот на пладнето: ќе ве повикаат пријателите или колегите, со кои што имате многу заеднички работи да споделите. Ве очекуваат договори кои за сега треба да бидат внимателно разгледани: не брзајте при потпишувањето, туку причекајте уште малку. Пријателска поддршка.
ДЕВИЦА: Интелигентни и добро исконтролирани, денес правите нова стратегија: добро бирате кого ќе пуштите во својот интимен круг и како ќе постапите понатаму. На овој начин подобро ќе ги разберете и своите аспирации и ќе успеете да постигнете финансиска рамнотежа. Ако искалкулирате добро, ќе може да појдете на патување или пикник.
ВАГА: Прекрасен ден кој што нуди нови и прагматични шанси: надминете ги дилемите и не плашете се повеќе. Чудата постојат и тоа не само за малите деца, а најважно е што успеваат да се повторат. Ова е момент за трансформација и посветување на духовните науки: истражувајте и проучувајте како да верувате повеќе. Успех на интимен план.
СКОРПИЈА: Средба со личност од вашето романтично минато: се буди фантазијата и немирот, бидејќи не знаете како да постапите. Напредувањето е бавно, а личноста неодлучна: не им се препуштајте на темните мисли и чудни соништа. Најдете начин да простите, за да може да продолжите понатаму: едуцирани и интуитивни, веќе го знаете одговорот!
СТРЕЛЕЦ: Интимниот живот доживува своевидна ренесанса: меки и нежни, ќе уживате да ги шармирате саканите. Можеби ќе купите некој подарок или планирате некое убаво изненадување со кое што ќе се подмладите. Размислувате инвентивно и правите сѐ што можете да ја доживеете саканата слобода. Професионалниот план изобилува со можности.
ЈАРЕЦ: Железото се кова додека е жешко и денес знаете дека сте на добар пат да успеете во своите намери: одберете го добро вистинскиот час за акција и верувајте си повеќе. Доаѓањето на некоја позиција е можеби макотрпно, но ако имате оптимизам, сето тоа ќе го доживеете полесно: добра комуникација на општествен план. Без дилеми!
ВОДОЛИЈА: Огледалце, огледалце, кој е најдобар на светот? Можеби мислите дека се познавате, но најдобро ќе се откриете низ очите на другите: самодисциплинирани и совладани, ја покажувате својата доблесна страна. Учите од пријателите како да постигнете внатрешна рамнотежа и тоа ви значи многу. Уживате во љубовта.
РИБИ: Можеби сакате да се повлечете поради неодамнешните потешкотии: затворени во себе, размислувате за нови солуции. Ако добро го контролирате својот дух и личната моќ, ќе постигнете поголема свесност: облеката не го чини човека, туку делата и зборовите, дури и оние неискажаните. Што и да се случи, ќе останете заштитени. Бидете разумни!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ