Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Во кругот на своите најблиски, сепак е можно да се чувствувате по малку осамени: интуитивно знаете дека работите се менуваат на фундаментален начин, но тоа не е причина за фрустрација и незадоволство. Размислете добро што може да направите за да се подобрите во непосредната иднина. Бидете флексибилни со колегите: нова стратегија.

БИК: Месечината во Вага ви дава поголемо разбирање за туѓите потреби и чувства: можеби планирате веридба и размислувате за заедничка иднина. Ова е важен момент во вашиот живот, кој што бара подлабоко истражување, особено на личен план: што е она што навистина го сакате? Нешто ќе треба да остане зад вас, а нешто продолжува. Поезија и љубов.

БЛИЗНАЦИ: Ако не можете да ја разберете привремената природа на животот, тогаш барем направете напор и останете таму каде што сте: вклопете се најдобро што умеете, посматрајте и чекајте. Никој не успеал да биде паметен за сѐ, затоа премолчете некој збор и воочете ги мистериите: ја имате сегашноста, а останатото е минато или е неизвесно дали ќе дојде.

РАК: По малку неодлучни, денес како да губите верба во сопствените сили: не лажете се самите и не лутете се без потреба. Вистината не може да се замени со ништо: поштедете се, бидејќи би можеле да си направите да ви биде полошо. Секој од нас минува низ сопствени потешкотии, а сето тоа е со минлив карактер: ништо не е вечно и сѐ се менува.

ЛАВ: Велат дека оној кој што не пател, не знае ниту да простува: не е доволно што се вртите во круг барајќи бесконечно одговори на своите прашања, бидејќи навредите се причини за оние кои што не се во право. Не е никакво чудо што инсистирате да сте сами, но искористете го ова време за интроспекција и анализа. Сменете ги сегашните методи.

ДЕВИЦА: Психички и физички моќни, денес може да манифестирате речиси сѐ што ќе посакате: она што ќе го постигнете, ќе го споделите и со другите. Одлучете се што ви е потребно и потпрете се на својата логика и разум за да се здобиете со контрола: направете нова тактика и не дозволувајте да ве однесе преголемиот ентузијазам. Балансирајте!

ВАГА: Не си дозволувајте да ве понесат туѓите славопои: тоа е како пијанство, по кое што е тешко да се отрезните. Зарем сте заборавиле со каква сила навистина располагате? Сѐ што треба е да го смените фокусот и повторно ќе го чуете темпото на своето срце. Нагли промени, но не лутете се: бидете љубопитни и барајте нови информации.

СКОРПИЈА: Ако почнете да одговарате на секое прашање кое што ќе ви се постави, ќе излезе дека навистина не знаете ништо: вашите дела ќе бидат залудни. Што и да се случи, прифатете го тоа филозофски и разберете дека со време ќе се коригирате: често пати овие фази се болни, а најмногу укажуваат на лажната суета. Шанса да се покажете во ново издание.

СТРЕЛЕЦ: Веќе некое време свесно избегнувате кавги и притисоци во блиските врски: тежнеете кон баланс и целосна искреност, наоѓајќи причини да се насмеете. Денес е идеален ден да побарате многу нешта од саканите, бидејќи најверојатно и ќе ги добиете. Пред вас се повеќе опции, кои бараат прецизност и дисциплина: бидете истрајни!

ЈАРЕЦ: Некоја блиска личност инсистира на луксуз и слобода, без никакви одговорности: дали сте подготвени да одговорите на нејзините потреби? Имате голема емоционална сила и мудрост, но тоа не значи дека треба да поднесете сѐ. Можеби ќе се натпреварувате за позиција, а тоа ќе ве успори: додека чекате, зголемете ги своите моќи. Нови нивоа.

ВОДОЛИЈА: Ќе им помогнете на оние кои што се напуштиле самите себе си: прашајте се добро дали разбирате што навистина се случува и не дозволувајте да бидете искористени. Некој се обидува да го привлече вашето внимание и упорно ви праќа суптилни пораки, но вие одбивате да делувате според нив. Немојте да речете дека не сте предупредени!

РИБИ: Денес ќе треба да му се препуштите на текот: она кон кое што целите, за сега не може да биде постигнато. Ако се потрудите доволно, набрзо ќе научите да ги надминете стереотипите: под облеката, сите тела се исти, но разликата се состои во карактерот на личноста. Образувајте се подобро и препуштете му на времето да ве води. Грижете се за здравјето.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]