Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Среќни и насмеани, си дозволувате да го култивирате својот дух на поегзотичен начин. Што значи тоа? Наместо брзање, денес доаѓате до добро здравје и емоционален баланс, преку кротење на својата импулсивна природа. Нежни и невини, вашите антени се добро изострени и токму сега ќе откриете кој ви е вистински пријател. Нови цели.
БИК: Судбински промени и сега треба да им се придружите на останатите: од помладите ќе научите нешто ново, а и самите ќе подучите некој. Откривате дека подобро се движите со бавно темпо, отколку да трчате со туѓите чевли: доаѓате до значителна сума на пари, како и чест. Вистинско место во хиерархијата и добро разбирање за животот.
БЛИЗНАЦИ: До неодамна имавте идеи кои се чинеа невозможни: денес ситуацијата се менува и сега треба да запнете повеќе. Замислете желба и таа ќе ви се оствари, особено ако сте доволно истрајни да инвестирате во саканото. Ако не сте во интимна врска, многу веројатно ќе сретнете некој кој што ќе ве воодушеви: самодоверба, радост и добро здравје.
РАК: Не си дозволувајте да бидете удавени во сопствените грижи: најдобро ќе го запознаете својот карактер ако дојдете во контакт со авторитети. На овој начин ќе откриете колку сте условени и субјективни: ги разбирате работите онолку колку што сте пораснале. Отрезнете се со време и поставете нови правила: неискреноста нека остане минато.
ЛАВ: Не ѝ доликува на вашата храбра природа да се плаши од ситници: со што и да се соочите, не бегајте и не кријте се, туку откријте начин да еволуирате. Надминете ги старите шеми на однесување и дејствувајте во вистинскиот момент: барајте и ќе ви се даде, тропнете и ќе ви се отвори. Научете го вистинското значење на зборот толеранција.
ДЕВИЦА: Можни тешкотии предизвикани од нечистотијата во воздухот, како и неволност да почнете нови партнерства: не обесхрабрувајте се, туку прифатете ја поддршката што ви ја нудат пријателите. Вистинските се оние кои што ве бараат кога не им треба ништо за возврат. Излезете во природа и надвор на Сонце и ќе се здобиете со баланс.
ВАГА: Не брзајте толку да ги остварите своите планови, бидејќи е можен колапс: ако ве лажат пријателите, нека им остане тоа на нивната совест. Надминете ја опсесијата, нервозата или катастрофата на софистициран начин: оној што ве лаже, се лаже самиот себе, а вие не сте одговорни за туѓите глупости. Бидете инвентивни и имагинативни.
СКОРПИЈА: Духовно богати и со добро здравје, бидете подготвени за нешто специјално денес: ако се надитрувате со незнајковците, ќе ја изгубите својата мудрост. Сепак, доаѓате до нови информации, само ако сте доволно брзи и смели: ако се плашите, така ќе му направите услуга на својот противник. Со поголема фантазија, ќе дојдете до својата цел.
СТРЕЛЕЦ: Ова е период за решавање на важни лични и професионални проблеми: иако ви е тешко, ова е вистинското време за тие дијалози. Месечината во Близнаци ќе ве потсети дека сето тоа е со привремен карактер и дека не мора да преземете нови одговорности, ако за тоа не сте подготвени. Ако има доволно љубов во вас, сè ќе мине многу лесно.
ЈАРЕЦ: Вашата лична моќ доаѓа во фокус: Меркур во Бик ќе ве потсети дека не може да ѝ избегнете на судбината. Формулирајте нов план, фокусирајте се и изнајдете логични солуции. Тука се пријателите да ви понудат неконвенционални совети и да ја откриете својата вистинска улога во овој свет. Поклонете се и настапете: светот е театар, со својот бекстејџ.
ВОДОЛИЈА: Најчесто она што најмногу го сакаме е најтешко да се постигне: повисоки сили го движат светот и сега треба да се адаптирате. Работите не се сосема црни или бели, а тоа ве прави нервозни: не се залажувајте, туку ретуширајте ја идејата. Немањето на соодветна слобода ви предизвикува фрустрација, која што ќе ја надминете со доза на истрајност.
РИБИ: Ако размислувате за романтичната сфера, конечно доаѓате до сатисфакција: по долг период на тешкотии, дури ви е тешко и да верувате! Тоа не значи да ѝ се фрлите на првата личност што ќе ја сретнете, туку мудро да избирате со кој ќе стареете. Бидете одговорни за впечатокот што го оставате и прифатете некоја од интересните иницијативи.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ