Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Убави планетарни влијанија кои што ќе ви покажат како да ја управувате вашата сила и енергија на похуман начин: со лесно срце и оптимизам влегувате во новата работна недела, подготвени да научите нешто ново. Семејните врски ќе ви покажат во кој правец да се упатите, со што ќе ја продлабочите интимноста. Среќни сте.

БИК: Небесните и земските сили се изедначуваат и доаѓате до длабока мудрост: верувајте во своите таленти и бидете лежерни. Денес започнувате долготрајни промени со кои што ќе се ослободите од своите стравови. Имањето на духовна визија ќе ви покаже дека веќе седите под дрвото на желбите и тоа е сѐ што ви треба.

БЛИЗНАЦИ: Истражување во интимната и креативната сфера: денес комуницирате ефективно и чувствувате дека сте сфатени. Така постигнувате емоционален баланс, спиритуален мир и добро здравје: сѐ што се случува има некоја подлабока смисла, со што ја разоткривате својата автентична личност. Метаморфоза.

РАК: Комуникација со која што ќе дојдете до баланс преку синтетизирањето на спротивните ставови: од истата уста доаѓа пофалбата и анатемата, затоа поработете врз себе и менувајте се навреме. Ве очекува вредна работа, поправки и средба со луѓе со кои што не сте се виделе одамна. Конфликтите се минато.

ЛАВ: Иако имате многу таленти, треба да поработите или изучувате повеќе за да ги искористите на правилен начин: бидете фокусирани и посветени на својата цел,па набрзо ќе успеете да станете експерт! Работа врз пофините детали од различни животни аспекти, со која што расте вашето задоволство. Успех во блиската иднина.

ДЕВИЦА: Нема повеќе потреба да трагате: ја работите токму онаа работа која што ве исполнува и ве прави среќни. Во таквата атмосфера е лесно да се дојде до нови решенија, кои што ќе ги задоволат потребите на тимот. Вечерта минете ја во убаво друштво и опуштете се, знаејќи дека сте сакани и ценети. Бидете безгрижни!

ВАГА: Ја користите својата интуиција и шарм за да привлечете некоја личност: со големо сочувство и разбирање за туѓите потреби, ја откривате својата понежна страна. Можеби се јавува некаков повод за прослава или декларација на вашите романтични чувства: вашиот интимен живот е разигран, а работата цути. Успех.

СКОРПИЈА: Каде и да тргнете, се враќате на самиот почеток; што и да направите се чини дека не го добивате саканиот фидбек. Дали се ова кармички последици, се прашувате и најверојатно е така, но не губете надеж. Вистината лежи на спротивната страна на брегот и ако сакате да стигнете таму, ќе треба да вложите екстра напор.

СТРЕЛЕЦ: Уживајте во она што ви го нуди светот, бидејќи оттука натаму работите ќе се одвиваат со леснотија: сѐ што има убав облик, боја или звук ве привлекува и учествувате во различни видови на церемонии, каде што расте вашата репутација. Култивирани и организирани, добивате пораки со сокриена содржина.

ЈАРЕЦ: Одличен ден за создавање на нови контакти и врски: завземете се за себе, бидејќи никој нема тоа да го стори за вас. Упорни и истрајни, обрнете внимание дури и на случајните забелешки или необични средби, бидејќи преку нив ќе можете да ја остварите својата судбина. Хранете се добро и внимавајте на грлото.

ВОДОЛИЈА: Денес ќе треба да оцените какви се мотивите на оние со кои што се дружите или соработувате: од десет кажани работи, точни се само девет и еден адут криете во ракавите. Не обидувајте се да бидете како останатите, туку покажете ја својата уникатна природа: мирољубиви и хумани, водени сте од повисоки сили и идеали.

РИБИ: Не е точно дека некој сака да ве повреди намерно: истражете ја својата улога во настаните и ќе откриете дека и самите имате скриени мотиви. Оние пријателства кои што се растураат поради некоја ситница, воопшто не биле пријателства, туку сојузи базирани на некакви интереси. Ќе постигнете среќа ако сте благодарни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]