Хороскоп: Руски астролог открива кои ќе бидат најголемите среќници, а на кои нема да им помине така лесно февруари


Прочитајте го месечниот хороскоп за февруари и дознајте на кого му се ѕвездите наклоните, а кој ќе помине „како бос по трња“.

Познатиот руски астролог Павел Глоба откри дека за некои знаци февруари ќе биде најдобриот месец оваа година, но за некои и не така наклонет! Според Глоба, во февруари 2022 година најуспешни ќе бидат огнените знаци. Сè што ќе започнат, каква и да прифатите работа, ѕвездите ќе ги поддржат.

Еве кои се среќниците во февруари …

Овен
Претставниците на овој знак ќе ги реализираат сите идеи во февруари, нивниот успех не замира. Сето тоа ќе придонесе за подобрување на финансиите. Сепак, овој напор и зголемена активност ќе си го наплатат својот данок, така што на крајот на месецот ќе се чувствуваат „како издишани балони“.

Лав

Февруари ќе биде исклучително успешен за Лавовите. Ќе им се отворат буквално сите полиња и можности за кои можеле само да сонуваат. Доколку се храбри, можно е да ги сменат работните места и да се преселат на далеку подобра позиција. Зрачат со неверојатна привлечност, кој ќе им падне во очи ќе биде немоќен пред нив.

Стрелец

Стрелците ќе работат напорно следниот месец, но толку ќе уживаат што воопшто нема да чувствуваат дека тоа им е обврска или товар. Во февруари ќе бидат неверојатно креативни, а овие идеи ќе им донесат профит. Имаат голема шанса да направат многу добри заштеди што би било паметно подоцна да инвестираат во некој проект. Оние кои се во подолги врски би можеле да почнат заеднички живот.

А еве кој ќе гледа само да го прегрми февруари…

Бик

За Биковите е подобро да не стекнуваат нови познанства во февруари. Постои ризик да наидете на измамници или негативни луѓе кои ќе ве измамат.

Вага

Вагите ќе доживеат вистинска драма во вториот месец од новата година. Сè им пропаѓа, а на љубовно поле ќе ги доживеат најлошите ситуации. Астрологот им предлага да ги следат советите на постарите роднини.

Риби

Игнорирањето на старите проблеми има своја цена. На рибите ќе им падне тешко некое ново сознание и ќе сакаат да бидат сами и да ги „лечат раните“. Астрологот вели де „стиснат заби“ и да го протуркаат месецот, по што следи подобрување.