Хорор во БиХ: Убиени три лица во Градачац, убиството пренесувано на Инстаграм


Најмалку тројца загинати има во страотното злосторство во Градачац, Босна и Херцеговина, а како што пренесуваат тамошните медиуми, убиецот ги пренесувал убиствата во живот на Инстаграм.

Најмалку три лица беа убиени во Градачац, а полицијата го опколи градот во масовна потера по убиецот.

Нермин Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а злосторството го пренесувал во живо на Инстаграм, пишува Klix.ba.

Според новите информации, Сулејмановиќ не застанал тука и продолжил со крвавиот поход.

Како што потврдија за Klix.ba од Обвинителството на кантонот Тузла, најмалку три лица се убиени. Исто така, има и неколку ранети.

Сулејмановиќ наводно сѐ уште не е совладан. Неофицијлано, Сулејмановиќ од порано ѝ е познат на полицијата. Тој е познат фитнес тренер и бодибилдер. 

Како што пренесува „Дневни аваз“ убиено е и дете.

Од Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници добиле пријава за употреба на огнено оружје во Градачац.

-Интензивно се трага по лицето. За настанот бил информиран кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и ги преземаат потребните мерки и дејствија. На терен се упатени и екипи на Полициската единица за специјална поддршка – соопшти Управата за полиција преку Одделот за односи со јавноста.