Hooverphonic доаѓаат во Скопје во април


Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC,  придружувани од гудачки квартет, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18. април, 2025 година, по повод 25 години од aлбумот „The Magnificent Tree“, соопшти „Авалон продукција“.

Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.

Во 2019 година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари. Исто така, во продажба има и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.