Хонорарци во Општина Кисела вода примале плата, не се знае што работат


Oпштина Кисела Вода во 2021 година, преку приватни агенции за вработување ангажиралa лица со авторски договори, а ревизорите не можеле да најдат што работеле тие. Таа исто така  исплатила 44.000 евра по основ на авторски договори со 23 лица за кои не биле пропишани критериуми, а кои месечно заработувале надоместоци од 12.000 до 89.000 денари.

Ова го објави денес Државниот завод за ревизија (ДЗР)  во извештајот за работењето на Општина Кисел вода во 2021 година, кога градоначалници биле Филип Темелковски, а по него и актуелниот Орце Ѓорѓиевски.

-Дел од склучените авторски договори имаат за предмет на изработка стручен труд поврзан со работни задачи кои припаѓаат на редовно систематизирани работни места (изготвување на систематизација, план за организирање на културни манифестации, протокол за спортски манифестации, координирање на активности во урбани и месни заедници, средби со медиуми, состаноци и агенда на градоначалникот и друго), велат од ДЗР.
 
Од таму посочуваат дека вкупниот број на привремени вработени лица во 2021 година изнесувал 82, кои по месеци се движеле од 45 до 64.

 

-Отстапените лица од приватната агенција се ангажирани за вршење на редовни работни задачи предвидени со Правилникот за систематизација на работните места, а 30 од нив, биле ангажирани континуирано за период подолг од две години. Ваквиот начин на работење, не е во согласност со член 24 од Законот за приватните агенции за вработување, кој предвидува во кои случаи, агенцијата може да отстапи работник за вршење на привремени работи и да склучи договор, но не подолго од две години, со или без прекин. Дури 29 од вкупно ангажираните лица не ги исполнуваат потребните услови за образование утврдени во Правилникот за систематизација на работните места, што не е во согласност со одредбите на член 19 од Законот за приватните агенции за вработување, каде е наведено дека основните услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои треба да бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот корисник, се истите оние услови кои би се обезбедувале доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач, за извршување на истата работа, се додава во ревизорскиот извештај.

Генерално ДЗР нема резерва околу вистинитоста на финансиските извештаи на општината, но има забелешки на функционирањето. Па, така, во него стои дека не се води сметководствена евиденција за побарувањата врз основа на  надомест за утврдување правен статус на
бесправно изградени објекти, не се води регистар за издадените одобренија за поставување на урбана опрема и не е донесена годишна програма за поставување на времени објекти
на градежно неизградено земјиште и урбана опрема на јавни површини. ДЗР посочува и на системски слабости кои влијаат во Општина Кисела Вода да нема точна проценка за приходите , бидејќи за комуналните и други такси што ги добива – не добива и евиденција колку реално се наплатени. 

„Ревизијата ги истакна системските слабости во законската регулатива и потребата од нивно надминување со цел комплетност и точност на остварените приходи кај општините, а кои се однесуваат на:
– не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на
возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со
моторни возила на сметка на општината;
– не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на
електрична енергија кое врши наплата на таксата за користење и одржување
јавно осветлување од имателите на броила да ги известува општините за
бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број,
како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ;
– општината нема информации за висината на средствата што треба да се
уплатат во буџетот на општината по основ приходи од закуп на земјоделско
земјиште во сопственост на државата утврдено со Законот за земјоделско
земјиште;
– општината располага со податоци за склучените договорите за концесија за
експлоатација на минералните суровини и врши увид на уплатените средства
од концесиските надоместоци, но нема можност да ја потврди нивната
целосност и точност; 
– состојбата на регистарот на недвижности не е усогласена со регистарот кој го
води Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна
Македониј,