Холандија има план да прогласи вонредна состојба поради барателите на азил: Дали ќе го користат кралскиот декрет?


(Фото: Независен)

Планот на холандската влада е да прогласи вонредна состојба за да се ограничи бројот на баратели на азил кои сакаат да влезат во земјата.

Министерката Маржолејн Фабер рече дека овој потег ќе и овозможи брзо да суспендира делови од постоечките закони за азил.

Околу 40.000 баратели на азил пристигнуваат во Холандија секоја година, што според критичарите го влошува недостигот на станови во земјата.

Владата на земјата може да користи кралски декрет за воведување вонредна состојба во случај на криза, дозволувајќи да се преземат мерки без одобрение од парламентот, како што се случи за време на пандемијата на коронавирус.

Сепак, одлуката мора да биде правно оправдана, а правните експерти се прашуваат дали бројот на баратели на азил кој остана стабилен е доволен за прогласување криза.

Опозициските партии револтирано реагираа и го нарекоа владиниот план недемократски.

Намалувањето на бројот на баратели на азил и мигранти е една од главните цели на новата холандска влада која ја презеде функцијата во јули.