Холандија добива трка во Формула 1


Англија – Од следната сезона, трка од Шампионатот во Формула 1 ќе се вози и во Холандија, објави „Телеграф“.

Според холандските медиуми, договорот за организација на Гран-при е веќе потпишан и тој ќе има важност пет години, почнувајќи од 2020 година. Сепак, информациите се уште не се потврдени од сопствениците на првата во Формула 1.

Првата трка за Големата награда на Холандија во Формула 1 се има одржано во далечната 1952 година, но исчезна од календарот на натпревари во средината на 1980-тите.

Ако информациите за трката во Зандворт се точни, тогаш во 2020 година ќе има 23 етапи на шампионатот, бидејќи веќе е потврдено додавањето на Гран-при на Виетнам.