H&M, ова лето, отвора продавница во Тетово


Глобалниот моден бренд „H&M“, познат по тоа што нуди мода и квалитет по најдобра цена на одржлив начин, потврдува дека ќе отвори продавница во Тетово, ова лето.

Долгоочекуваната продавница ќе биде отворена во популарната шопинг дестинација – трговскиот центар „Палма мол“ Тетово.

Продавницата H&M во Тетово ќе претстави широк избор на најнови трендови, безвременски класици и инспирација за клиентите да создадат свој личен стил.