Хјустон може да му понуди на Дурант 100 милиони долари за продолжување на договорот

Кевин Дурант може да добие 100 милиони долари за продолжување на договорот со Хјустон рокетс.
„NBC Sports“ за време на Летната лига сугерираше дека Кевин Дурант може да се согласи на продолжување со Рокетс во вредност од околу 100 милиони долари во текот на две години – околу 10 милиони долари помалку по сезона од максимумот.
НБА-ѕвездата влегува во последната година од неговиот тековен договор вреден од 54,7 милиони долари. Поради правилото за возраст над 38 години, ниту еден тим не може да му понуди повеќе од две години, па затоа неговото максимално продолжување е 122,1 милиони долари во текот на две години.
Дурант кој беше МВП во 2014 година, беше разменет во Хјустон од Феникс за Дилон Брукс, Џејлен Грин и избор од првата рунда.
Во сезоната 2024/25, Дурант имаше просек од 26,6 поени, 6,0 скока и 4,2 асистенции по натпревар, додека шутираше 52,7 проценти од полето и 43 проценти за три поени.