„Хјундаи“ ќе инвестира 21 милијарда долари во САД


Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ ќе инвестира 21 милијарда долари во САД во следните четири години, изјави денеска во Белата куќа извршниот директор на компанијата Чунг Еуј-сун.

Тој ја даде изјавата во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа инвестиција вклучува и развој на леарница во американската сојузна држава Луизијана, што ќе чини вкупно 5,8 милијарди долари.

Леарницата ќе биде „првиот ‘Хјундаи’ објект што некогаш е изграден во САД“, рече Трамп, додавајќи дека „оваа инвестиција е знак дека царините навистина функционираат“.