Хитови на Битлси во ново руво на концертот на НЏЗ во МНТ


Националниот џез оркестар утревечер (1 октомври) на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентитe од Факултетот зa музичка уметност во Скопје и Џез академијат во Штип.

 

Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар, што ќе се одржи утревечер, на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“-МНТ  во 21 часот. Нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка која ја смени рокенрол музичката историја.

 

Како солисти на концертот ќе ги слушнеме нашите истакнати музичари: Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски,, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригенство на маестро Џијан Емин.