Хируршките сали во Скопје за четири месеци ќе добијат компресорска станица, ќе ја први „Винора“ ДООЕЛ
Избрана е фирмата која треба да овозможи компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиотцентар „Мајка Тереза“ во Скопје, а тоа е „Винора“ ДООЕЛ Скопје, која за четири месеци треба да ја заврши работата, информаираа попладнево од Министерството за здравство.
Министерот за здравство Арбен Таравари, вчера рече дека за функционирање на хируршките сали би било најдобро да се направи нова компресорска станица, но да се сервисира и зачува и старата како „бек-ап“.
– Ве известуваме дека е донесена Одлука за избор на најповолна понуда, со која е избрана понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас -информираа од Министерството за здравство.
Според Таравари, најверојатно во почетокот на идната година ќе има нова станица. Тој вчера рече доколку фирмата понудувач ги исполнува условите ќе разговара со нив за да се остават посточеките станици, надворешните компресори и да се направи уште една дополнителна нова станица и оваа старата да стои како „бек-ап“ за евентуално ако има дефект во едната, веднаш да се вклучи другата.
– Најдобро би било и многу е важно за сите хируршки сали да имаме и нова компресорска станица и старата да ја зачуваме и сервисираме, изјави вчера Таравари, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника.
Тој напомена и дека во хируршите сали веќе не се чувствува мирис, тоа му го кажале рече, колегите кои работат таму.
-Моментно добро функционираат повеќето хируршки сали на генерално сите хируршки клиники, потенцира министерот.
Поради миризбата во хируршките сами, подолго време беа одложувани операции, а пациентите беа препраќани во другите хируршки центри во Скопје и по другите градови.