Хималајската сол всушност е измама?


Често слушаме дека хималајската сол е поквалитетна и поздрава од обичната кујнска сол. Дали навистина е така.

Имено, розовкастата хималајаска сол има нешто повеќе минерали во трагови и затоа стана популарна. Доаѓа од рудникот за сол Кевра, кој се наоѓа во близина на Хималаите во Пакистан. Природниот процес на берба на солта овозможува таа да „поседува многу други минерали и елементи во трагови кои ги нема во обичната сол“, наведуваат многу извори.

Хималајска или морска сол

Иако е точно дека во розовкастата сол има околу 84 различни минерали и елементи во трагови, што ѝ дава единствена боја и малку поинаков вкус, само 2 отсто од солта отпаѓа на овие минерали, пренесува „Медикал њус тудеј“. Тоа значи дека хималајската сол нутритивно е слична на обичната. Значи, со замена веројатно нема да видите дополнителни здравствени бенефити.

Друго популарно тврдење е дека хималајската сол е помалку преработена од „природната“ морска сол. Повторно, тоа донекаде е точно, но влијанието врз вашето здравје е минимално. Многубројни истражувања покажуваат дека морската сол често има средства против згрутчување и губи некои хранливи состојки во текот на преработката, но на тој начин има помалку нечистотии.

„Тоа може да направи мала разлика во намалувањето на вкупната потрошувачка на сол, што е голема работа“, вели диететичарот Рене Фицек, и додава:

„Што повеќе сол изедете, повеќе течности задржувате, па на срцето му е потешко да ги обработи тие течности, што може да го зголеми крвниот притисок“.

Но, што да одберете?

Трикот е во тоа ако потполно избегнувате обична сол. Тоа може да направи проблем. Морската сол е главен прехранбен извор на јод – а тоа е многу важен минерал кој недостасува во хималајската сол. Јодот ни е потребен за хормоните од штитната жлезда и метабоолизмот правилно да функционираат. Значи, ако трајно ја замениме морската сол со хималајска, тогаш треба да додадеме други извори на јод – риба, млечни производи или суплементи.

Но, пред какви и да било нагли промени, треба да се консултираме со лекар. Потребно е да се внимава на внесот на натриум кој влијае на работата на срцето и бубрезите. Се препорачува, помалку од 2,3 грама натриум дневно.

Па, иако розовкастата хималајска сол изгледа убаво и е вкусна, таа е скапа и не содржи јод. Суштината е да припазите колку натриум конзумирате и да не чувствувате притисок да преминете на хималајска сол заради здравјето, а ако баш сакате, комбинирајте хималајска и обична сол.