Хидроаларм за истокот на земјата – дожд до 35 литри на метар квадратен


Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од дожд во текот на денешниот ден, и предупредува дека пообилни ќе бидат во источните делови од земјата (над 35 литри на метар квадратен).

На повисоките места се очекуваат и врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималните температури денеска ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени.

Жолто ниво на предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од излевање на реките.