Херцеговина погодена од земјотрес, почувствуван и во Дубровник


 

Во херцеговина утрово бил почувствуван земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер, според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 8.30 часот, на три километри од Столац, односно 34 км од Мостар, се наведува на страницата на ЕМСЦ.

Потресот се почувствувал во херцеговина, но и во Далмација. Неколку граѓани посведочија за земјотресот на ЕМСЦ:

„Добро се почувствува“, пишува еден жител на Столац.