Хенкок: Идентификувана нова варијанта на коронавирусот


– Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека е идентификувана нова варијанта на коронавирусот.Според него, тоа може да го објасни скокот во случаите на југот на Англија, објави „Гардијан“.

– Идентификувавме нова варијанта на коронавирусот, што може да е поврзано со рапидното зголемување на бројот на пациенти на југо-истокот на Англија, рече Хенкок.

Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта се развива побрзо од постојните варијанти.

– Во моментов идентификувавме повеќе од 1.000 случаи со оваа варијанта, претежно во јужниот дел на Англија, иако се идентификувани такви случаи во скоро 60 различни локални области, и бројот рапидно расте, рече тој.

Хенкок рече дека е известена Светската здравствена организација.

Тој уште истакна дека здравствените експерти оценуваат дека е „многу неверојатно“ дека вакцината нема да функционира на новата варијанта, но дополни дека се прават дополнителни тестови за да се утврди евентуална резистентност.