Хематологија: Тоше не реагираше на терапијата
Скопската клиника за хематологија изрази сочувство до семејството на Тоше
Илиевски за огромната загуба, кој почина вчера. За негово лекување во странство беа потребни 32.000 евра.
„Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски. Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за пациент заболен од Т- лимфобластен Не-ходгкинов лимфом, кој за жал не реагираше на терапијата предвидена со стандардниот медицинскиот протокол, која се применува како во Македонија, така и во сите останати европски и светски хематолошки центри.
Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски и целосно посветен на згрижување и лекување на пациентите.
За жал, медицината се уште нема соодветен одговор во одредени случаи на лекување на овој вид болести“, тврдат од Хематологија.