Хеликоптер пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево


Денеска, во 18.11 часот на 112 е дсбиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

Полицискиот Ми 171, во кој се наоѓам во моментот, пишува директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево.