Хегсет: Европа има одговорност да ја запре „руската воена машина“


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека одговорност на Европа е да ја запре, како што рече, „руската воена машина“.

Пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Хегсет повтори дека земјите-членки на Алијансата треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП.

Сегашната цел за одбранбените трошоци за членките на НАТО е два отсто од БДП.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на крајот на јануари изјави дека на самитот на НАТО во јуни ќе биде донесена одлука дали трошоците ќе бидат зголемени на три или пет отсто од БДП.