Хедвика Усеник нов претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на акционери на својата седница одржана на ден 29.11.2024 година донесе Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Со оваа Одлука, акционерите за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје ја именуваа Хедвика Усеник, со живеалиште во Љубљана, Република Словенија.
Усеник го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје кој поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.
Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.
Мандатот на Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година, а ќе стапи на сила по добивање на согласност од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.