Хаварисаните возила нема да се складираат во Драчево
Советот на Град Скопје донесе одлука за масовно отстранување на хаварасани и нерегистрирани возила од јавните површини на територијата на главниот град.
Градоначалникот Петре Шилегов имаше во план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје, сепак оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје.
Сите хаварасина возила од општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари кои се дел од оваа меѓуопштинска соработка ќе бидат отстранети со помош на Oпштина Центар, односно пајак службата на ПОЦ.
Градот изминатите две години беше во процес на изнаоѓање на една слободна локација (плац) за дислоцирање на сите хаварисани возила на територија на главниот град и за трајно решавање на овој проблем.
„Денеска на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци. Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука, се вели во соопштението.
„Денес на Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните. Денес дел од советниците на Град Скопје рекоа „не“ на лошите политики на СДСМ. По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.Дел од советниците на Град Скопје решија дека граѓаните заслужуваат здрава животна средина. Време е да се стави крај на лоши политики на СДСМ кои го загрозуваат здравјето на граѓаните“, соопшти Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.