Хаварија крај британскиот брег, во тек е акција за спасување
Несреќа на море се случи во Ламанш, а во тек е акција за спасување. Во несреќата учествувал брод со мигранти, наведува бриотанската Агенција за морска и крајбрежна стража.
Ќамци за спасување, спасувачки тимови и хеликоптери се на терен. На подрачјето е и рибарски брод кој помага во спасувањето, додава Агенцијата. Бо акцијата е вклучена и француската морнарица. Уште нема податоци за настрадани.