Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март


Во првите сослушувања Тачи потврдил дека знаел за тепањето и малтертирањето на притворените, за пота да тврди дека ниту штабот на ОВК ниту привремената влада постоеле освен на хартија

Хашкиот процес против поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за воени злосторства во Косово и Албанија, 1998-1999 година, треба да започне на 1 март следната година, јави Бета.Ова го соопштија од Советот за расправа на американскиот судија Чарлс Смит во Хаг од документ објавен на веб-страницата на судот за злосторства извршени од борците на ОВК.

Судскиот совет закажа две прелиминарни рочишта за 17 јануари и почетокот на февруари 2023 година.Доколку процедуралните подготовки завршат навреме, советот на судијата Смит „има намера“ да го закаже почетокот на судењето за 1 март, кога обвинителите би го дале воведниот збор.
Во текот на судењето, обвинителите планираат да го вклучат исказот на 319 сведоци.

Во комисијата што ќе им суди на Тачи и тројцата обвинети офицери на ОВК ќе бидат и судиите Гунаел Метра од Швајцарија, Кристоф Барте од Германија и резервниот судија Фергал Гејнор од Република Ирска.

Заедно со Тачи, за злосторства над Албанците, Србите и Ромите беа обвинети и членовите на Главниот штаб на ОВК Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.